Realme најавува телефон со 64MP четирикратна камера

Компанијата Realme е еден од поновите брендови, кој многу брзо се проби и посебно е популарен во Индија. Токму на овој пазар ќе дебитира најновиот смартфон на компанијата, кој ќе го краси Samsung 64MP GW1 камера сензор.

Ова е најголемиот сензор кој ќе биде достапен на паметните телефони, има големина од 1/1.72″, што резултира со 1.6µm големина на индивидуалните пиксели. Во прашање е Tetracell тип на сензор, што значи дека изворно ќе произведува фотографии со 16 мегапиксели. Покрај ова, ќе му помагаат уште три сензори на задната страна.

Realme објави и примерок на фотографија креирана со споменатиот сензор (приложената фотографија), која CEO на Realme India одделението Madhav Sheth ја објави на Twitter.

Иако не е објавен точниот датум кога телефонот ќе биде претставен, CEO на компанијата Realme вети дека телефонот ќе биде објавен најпрвин во Индија, а очекува дека ова ќе се случи наскоро.