Претставен минијатурниот суперевтин компјутер Raspberry Pi 4

Фондацијата Raspberry Pi ја претстави четвртата верзија на својот минијатурен евтин компјутер.

Raspberry Pi 4 има иста форма како и претходниците, доаѓа со 4 GB RAM, четири пати повеќе во однос на било кој претходен Pi, побрзи CPU и GPU чипови, побрз Ethernet, Wi-Fi и по два Micro HDMI и USB 3 портови.

Овие спецификации значат дека Raspberry Pi 4 е еднакво употреблив како и евтин десктоп PC доколку го изберете поскапиот модел со 4 GB RAM. Можно е да се отворат до 15 Chromium табови, да уредувате фотографии со помош на програмата GIMP и документи во програмата Libre Office.

Секако, минијатурниот PC има ограничувања, меѓу кои се потешкотиите на прикажување на YouTube видеа на полн екран, дури и кога ќе се намали резолуцијата на 480p.

Raspberry Pi 4 поддржува Bluetooth 5.0, а достапен е со 1, 2 и 4 GB RAM. Цените изнесуваат 35, 45 и 55 долари, зависно од избраната верзија.