Внимателно со Google календар: Погрешен клик би можел скапо да ве чини

Многумина за организирање на работата и приватниот живот се потпираат на можностите на Google календарот. Покрај тоа што веднаш може да му пристапите, Google календарот во текот на годините доби и бројни карактеристики кои го олеснуваат неговото користење. 

Една од тие карактеристики е и автоматското креирање настани, односно вметнување на повик на некој настан во календарот. Дури и ако не сте одговориле на повикот, календарот ќе ве потсети на него.

Меѓутоа, не се само корисниците тие кои ги користат сите придобивки на Google календарот. Препознаени се и сајберкриминали. Така експертите за безбедност предупредуваат на измамата што се шири на Google календарот, а која корисниците може скапо да ја чинат.

Хакерите испраќаат елекронска порака со автоматски повик која Google календарот веднаш ја регистрира во календарот како настан. Обично се споменува дека корисникот добил некоја награда или го очекува трансфер на пари. Невнимателните корисници кои го гледаат таквиот настан кликнуваат на линкот кој ги води до лажна страна на која од нив се бараат нивните лични податоци или број на картичка.

Бидејќи повикот на прв поглед изгледа како да е легитимен, корисниците не посветуваат премногу внимание на него и на неговата исправност.

Извор: Zimo.hr