Големи количини метан се откриени во воздухот на Марс, а тоа може да биде знак за подземен живот на оваа планета. Метанот го открил „Curiosity“ роверот на НАСА во текот на мерењето на воздухот кое го правеле минатата недела.

Метанот вообичаено го произведуваат живите суштества на Земјата па затоа се претпостаува дека ова може да биде знак за живот на Црвената планета.

Ова неочекувано откритие влијаело научниците да го сменат планот на работа на роверот и сега ќе биде фокусиран на понатамошни истражувања од оваа област. Научниците се исклучително возбудени поради ова и се надеваат дека ќе откријат микроби за кои мислат дека се преселиле под земјата во периодот кога Марс, како што се верува бил потопол, повлажен и имал поубаво опкружување за живот, пред четири милијарди години.

Сега роверот ќе трага по докази за живот на Марс. Научниците истакнале дека постојат индиции овој метан да е неодамна испуштен во воздухот таму. Од друга страна пак, „New York Times“ изјавил дека можно е да станува збор за антички метан кој милион години бил заробен на Марс и дека сега “извира“ од дупките на површината на планетата.

И мерењето од пред 15 години, кое го правела Европската вселенска агенција, открило дека на Марс има метан, но тогаш се мислело дека се работи за грешка, затоа што резултатите биле добиени кон крајот кога опремата била при крај со електрична енергија.

Според последните мерења, количината на метан се зголемила за три пати. Резултатите на новиот експеримент кој роверот ги правел во текот на викендот се очекуваат денес.

Извор: Klix.ba