Електричната Honda Е за складирање на електрична енергија ќе користи литиум-јонски батерии од 35,5 kWh.

Јапонскиот производител својот прв електричен модел за клиентите во Европа ќе го понуди до крајот на годината, а наменет е главно за возење во урбани средини.

 Прототипот Honda Е беше претставен на саемот во Женева во месец март, а производната верзија нема значително да се разликува.

Системот од литиум-јонски батерии од 35,5 kWh е поставен под подот на автомобилот, помеѓу предните и задните тркала, а инженерите на Honda успеале да постигнат идеална распределба на масата на оските од 50:50.

Сега за сега, моќта на електричниот мотор не е позната, но се знае дека ќе се пренесува на задните тркала.

Honda објави дека батериите може да се полнат со користење на приклучок Type 2 AC, како и на брз полнач CCS2 DC, благодарение на што до 80% капацитет се доаѓа по полнење од 30 минути.

Кога се целосно наполнети, батериите обезбедуваат автономија од околу 200 километри, што е доволно за секојдневна употреба во урбаните средини, но исто така и за пократки патувања надвор од градот, велат од јапонскиот производител.

Honda сè уште не го открива датумот на лансирање на автомобилот на европскиот пазар, а според претставници од оваа компанија, во книгата за резервации веќе се потпишани 31.000 лице.

Извор: Додај Гас