Window Solar Charger е полнач што работи на сончева енергија (ВИДЕО)

Grouphug старт-ап со седиште во Бруклин, Њујорк креираше полнач што се мести на прозорец, ја собира сончевата енергија и на тој начин ги полни уредите во домот.

Window Solar Charger е примарно дизајниран за луѓето што живеат во станови и немаат многу можности да ги користат обновливите извори на енергија.

Основачот на компанијата Кристал Персо од лична потреба го креираше производот којшто е изработен од рамка од бамбусово дрво во која што се поставени четири тенки сончеви панели.

Полначот едноставно за закачува за било каков прозорец и ја апсорбира сончевата светлина во батеријата што е вградена во рамката. По 8-10 часа изложеност на сонце таа полни мобилни телефони и останати помали уреди коишто се приклучуваат директно во USB влез.

Производот моментално има и своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstater.