Откриена планета со клима како онаа во Game Of Thrones

Во близина на Сончевиот систем пронајдени се две планети во зона која е погодна за живеење. На една од нив, климата може да биде слична на онаа преставена во екстремно популарната тв-серија „Game of Thrones“, каде има долго лето и по него настапува долга и студена зима.

Астрономите од Германија и Шпанија, користејќи два спектрографа на проектот CARMENES, откриле две планети во ѕвездата Тигарден, 12,5 светлосни години од Сонцето, кои се многу блиску до земјината маса. Енергијата што ја добиваат од нивното сонце е исто така слична на онаа на површината на нашата планета. Ова значи дека и двете од нив се потенцијално погодни за живеење. И за двете планети треба да се направат дополнителни истражувања.