Осамнува ера на дигиталниот тероризам што е полна со последици слични на оние кои произлегуваат од можната употреба на оружјето за масовно уништување, посочи рускиот заменик-секретар за безбедност, Јуриј Коков, на Десеттата меѓународна средба на претставници од висок ниво за безбедносните прашања во рускиот град Уфа.

„Почнува ерата на технолошкиот и дигиталниот тероризам со последици слични на оние кои произлегуваат од можната употреба на оружјето за масовно уништување од страна на милитантите. Денес, интернетот е главната алатка што терористите ја користат за контрола на фрагментирани сили и опрема, како и финансии”, вели Коков.

„Според експертски проценки, има околу 30.000 екстремистички и терористички веб-страници во светотј. Што се однесува до безбедноста, многу е важно да се здружат силите за борба против предизвиците на денешницата, кои се поврзани со компјутеризација, дигитализација, развој на вештачка интелигенција, квантни компјутери и други технологии”, истакна рускиот претставник за безбедност.

„Во оваа ситуација, тековните разлики меѓу земјите, кои се однесуваат на пристапи кон улогата на интернетот и местото во општеството, се неприфатливи. Би сакал да истакнам дека е нелогично со свои раце да создадеме паралелен универзум без закони и морал “, додаде тој.