Chernobylite e sci-fi хорор игра која се одвива во Чернобил (ВИДЕО)

Полското студио The Farm 51 ја подготвува видеоиграта Chernobylite, sci-fi хорор игра на преживување, која не става во улога на физичар, кој се враќа на подрачјето на Чернобил 30 години по нуклеарната катастрофа, за да пронајде одговори на прашањата кои со години го прогонуваат. 

Играчот ќе биде задолжен за главниот лик во приказната, кој веднаш на почетокот ја дознава шокантната вест дека неговата девојка била киднапирана и тргнува во мисија да ја пронајде.

Во потрагата играчот ќе наиде на морничава атмосфера и разни ликови кои лутаат низ радиоактивниот град од лични причини. Во борбата со опасните и чудни суштества ќе можете да користите оружје, а секој нов ден ќе претставува нов предизвик.

Студиото The Farm 51 преку crowdfunding собра повеќе од 200.000 долари и вети дека тие ќе бидат инвестирани во играта за таа да биде полна со заплети, емоции и интересен гејмплеј. Авторите на оваа игра за потребите на нивниот претходен проект „Chernobyl VR“ направија 3D скенирање на околината во близина на Чернобил, што им овозможи автентично да го прикажат напуштеното подрачје.

На почетокот, „Chernobylite“ ќе излезе само за компјутери, но од студиото најавија дека таа набрзо по премиерата ќе биде достапна и за играчките конзоли.

Извор: Klix.ba