Седум најважни работи кои морате да ги знаете за новата криптовалута на Facebook

По неколку месеци очекување, Facebook ја откри својата криптовалута наречена Libra. 

Се појавија голем број информации, така што ви ги претставуваме најважните работи во врска со новата криптовалута на Facebook.

1. Постабилна криптовалута

Оваа криптовалута поддржува блокчејн платформа наречена Libra блокчејн дизајнирана да биде безбедна, скалабилна и сигурна.

2. Ја води непрофитна организација

Телото што раководи со Libra е непрофитна организација базирана во Женева и која ќе има 100 членови основачи од цел свет. Ниту еден член нема да контролира повеќе од 1 отсто од блокчејн мрежата.

3. Планови да премине во системот без дозвола

Libra почнува посебен блокчејн и само членовите основачи ќе имаат пристап до мрежата. Но, постојат планови да премине внатре во системот така што никој нема да може самостојно да ги промени правилата на мрежата.

Идејата е Libra да оперира како „вистински јавен сервис“ што на крај нема да бара дозвола.



4. Псевдо-автономни трансакции

Како и јавните криптовалути, Libra ќе биде псевдо-анонимна. Тоа значи дека вредноста на трансакциите, времето и јавните блокчејн адреси ќе бидат достапни само на членовите на мрежата. Притоа, нема да бидат чувани лични податоци на луѓето кои ќе користат блокчејн.

5. Libra резерви

Резервите се состојат од збир постабилни ресурси како што се банкарските депозити и државната безбедност во валутите на стабилните централни банки.

Libra не е поврзана со ниту една валута и нема фиксна вредност во било која вистинска валута.

6. Регулација

Програмерите кои прават Libra блокчејн ќе имаат одговорност да ги почитуваат законите и регулациите во областите во кои работат.

7. Лансирање

Криптовалутата и нејзината блокчејн мрежа ќе бидат лансирани следната година.

Извор: Telegraf.rs