Бесплатен интернет за сите: Утопистичката идеја е на праг на реализација (ВИДЕО)

Еден од најбогатите луѓе на светот, како и еден од најуспешните бизнисмени, славен по својата теза дека човекот наскоро непречено ќе чекори на Марс, Елон Маск, е визионер кој живее со мотото: „Мисли глобално, делувај локално” и подготвен е на целиот свет да му обезбеди безжична мрежа!

И покрај сите контроверзи, Елон Маск делува како вистински гениј, а секако и како врвен бизнисмен.

Идејата на која е посебно фокусиран е на сите да им обезбеди целосно бесплатен вај-фај интернет. Имено, инспириран од својот идол Никола Тесла, кој прв дошол до идејата да обезбеди постојано и непречено кружење на енергијата низ просторот, Елон не се откажува од напорот да ја материјализира својата замисла.

Проектот на Маск би подразбирал праќање на врвни сателити во вселената, и тоа не неколку, туку точно 4.425, во проект кој вреди околу 10 милијарди долари.

„Црната страна на медалот” е во фактот дека дури и конкурентите на Tesla, како што биле Томас Едисон и големите корпорации, биле против идејата за обезбедување на бесконечна енергија, од јасни причини.

Тие, наводно, и се погрижиле до тоа да не дојде, а и денес гигантите ги држат конците и се заложуваат за тоа, доколку проектот дојде до ниво на реализација, еден од нив да биде тој што ќе се нарече носител на проектот, за надоместот кој клиентите го плаќаат да продолжи да оди во нивните раце.

Слични обиди веќе имале и компаниите Google и Facebook, но тие обиди пропаднале.

И покрај историјата на овој проблем, Елон Маск е решен да го игнорира и да прати неколку сателити истовремено, за да ги тестира резултатите.

Критичарите на оваа идеја нагласуваат дека лансирање на 4.000 сателити во исто време би можело да има негативни последици по животната средина. Исто така, според проценките на НАСА, во овој момент во орбитата левитираат 2.600 нефункционални сателити, од кои, според нивните проценки, некои би можеле да се судрат и да паднат на Земјата.

Идејата звучи примамливо, но е многу веројатно дека корпорациските гиганти добро ќе размислат пред да вложат милијарди во проект кој носи голем ризик, бидејќи, тие пари, од друга страна може да бидат вложени во “опипливи работи”, кои во овој момент се поважни, како што е решавање на проблемот со климатските проблеми.

Останува да почекаме и да видиме кои заклучоци ќе бидат донесени откако добро ќе се промисли овој амбициозен план.

Извор: B92.net