Јапонците претставија револуционерна технологија на иднината

Nissan ја претстави својата визија за мобилноста на иднината на изложбата CES Asia 2019. Јапонскиот производител демонстрира[e технологии кои го обединуваат реалниот свет со виртуелниот свет. Некои од нив се потпираат на сигналите од човечкиот мозок и на тој начин му помагаат на возачот.

На тековниот настан во Шангај Nissan ги покажа своите иновативни технологии Invisible-to-Visible и Brain-to-Vehicle, како и концептен електромобил со погон на четири тркала IMs. Сите нови технологии се дел од концептот Nissan Intelligent Mobility, кој има за цел да стане движечка сила за автомобилите од иднината.

Со помош на Invisible-to-Visible (I2V) возачот на возилото, на пример, ќе може да гледа што има зад свиокот кој наидува односно зад аголот на зграда покрај патот. Технологијата собира податоци од сензори распоредени во возилото (како во салонот, така и на каросеријата) и ги споредува со информациите кој ги има од претходно.

Благодарение на ова, I2V не само што разбира што се случува околу автомобилот, туку исто така и предвидува што ќе се случи. Системот го поттикнува возачот, со пиктограми што се појавуваат на таблата со инструменти. Сето ова се обезбедуваат поголеми можности за комуникација помеѓу возилото, неговата околина и лицето зад воланот.

Технологијата I2V користи неколку нови системи: ProPILOT обезбедува информации за ситуацијата околу автомобилот, Omni-Sensing обезбедува информации за сообраќајот, а системот SAM (Seamless Autonomous Mobility) ги анализира сите податоци во реално време. Самата технологија I2V веќе ги поминала првите тестови на полигонот на Nissan во Јокосука (Јапонија), а размената на податоци е реализирана со новата мобилна технологија за проток на податоци 5G.

Системот Brain-to-Vehicle (B2V)на Nissan е прв од ваков вид. Тој ги интерпретира сигналите од мозокот на возачот и му помага да управува. Технологијата ја предвидува реакцијата на возачот и му помага во побрз маневар. Системот се учи себеси со снимање на податоците од секој возач.

Извор: Додај Гас