Од Скопје до Холивуд: FX3X отвора школа за визуелни ефекти (ВИДЕО)

Визуелни ефекти, aнимација, постпродукција. Ова се едни од највозбудливите и најбарани професии во последниве години, а кај нас за најдокажана важи FX3X, компанија која во своето 20-годишно работење успеа да стане незаменлив дел од групата компании што работат на визуелни ефекти за најголемите и најскапи филмски блокбастери, како Трансформери, Војна на ѕвездите, Аквамен, Чувари на галаксијата, Невозможна мисија, Годзила, Црниот пантер, Спајдермен, Капетан Америка, и десетици други, почнувајќи од првиот нивен голем проект, филмот „Авијатичарот“ на Мартин Скорсезе со Леонардо ди Каприо во главната улога.

Она што е уште повозбудливо е дека овој пат FX3X отвора школа за сите што сакаат да го научат занаетот. Уписите се веќе започнати во школата за визуелни ефекти наречена VFX Nest. Ова е првата школа за визуелни ефекти кај нас. Се разбира, во нејзини рамки директно ќе бидат вклучени најискусните артисти од FX3X, со огромно искуство, со што студентите ќе имаат можност да учат директно од луѓето што работеле на култни сцени од нивните омилени филмови, а зошто да не и наскоро да се видат себеси како дел од оние што се впишани во шпиците на добитници на „Оскар“.

Пријавувањето во школата е исклучително едноставно, сѐ што треба да направиш е да испратиш е-порака на [email protected] и ќе ги добиеш сите податоци за упис во VFX Nest, првата школа за визуелни ефекти во Македонија.

Извор и фото: www.reborn.mk