Ова е најбруталниот убиец на флегшип смартфони досега? (ВИДЕО)

Кинеската компанија Xiaomi во последните две години доживува огромна експанзија и тоа почна навистина да се забележува на светскиот пазар. Откако Xiaomi се појави на пазарот почна да нуди квалитетни и напредни уреди по прифатливи и разумни цени, а тоа влијае и на цените на останатите производители.

Во склоп на истиот тој тренд, Xiaomi оваа недела во Европа ќе го претстави моделот Mi 9T, кој веќе од овој понеделник ќе се најде во продажба. Всушност, овој модел е ребрендирана интернационална верзија на телефонот Redmi K20.

Ако зборуваме за карактеристиките на Mi 9T, вреди да се напомене дека телефонот има сензор за отпечатоци од прст сместен под екранот, а на задната страна има систем од три камери (48MP на главната леќа, 8MP телефото леќа и 13MP ултраширока леќа) надополнет со селфи камера од 20MP.

Интересно нешто кај селфи камерата е дека таа се извлекува од самиот телефон за да не зафаќа место на предната страна од уредот. Поради тоа, Mi 9T има целосно рамен екран со дијагонала од 6,39 инчи и максимална искористеност на целата површина на предниот дел.

Xiaomi Mi 9T ќе биде достапен во црна, сина и црвена боја. Цената на овој телефон, во зависност од верзијата ќе чини: 329 евра за моделот со 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија, односно 369 евра за верзијата со 8GB RAM и 128 GB внатрешна меморија.

Извор: B92.net