Konami објави трејлер за Pro Evolution Soccer 2020 (ВИДЕО)

Минатиот петок на конвенцијата EA Play 2019 имавме шанса за првпат да видиме како изгледа новата FIFA 2020, а сега нови вести пристигнуваат и од Konami, во вид на прв трејлер за Pro Evolution Soccer 2020.

Во трејлерот можете да ги видите Лионел Меси, Андрес Иниеста и Роналдињо како зборуваат за фудбалот од нивна гледна точка. Помеѓу најавите за новата видеоигра се новите механики за движење на играчите, физиката на топката, како и некои дополнителни технички подобрувања.

Помеѓу најавите е и редизајн на Master League – еден од најпопуларните модови за играње на Pro Evolution Soccer во текот на изминатите десетина години.