Google Drive од следниот месец ќе престане да се синхронизира со Google Photos

Google воведува важна промена во начинот на кој популарните услуги Photos и Drive ги споделуваат содржините. Плановите на компанијата предвидуваат фотографиите и видео клиповите што ги закачувате во Google Photos да престанат да се синхронизираат со Google Drive. Ова ќе се случи само за неколку недели, бидејќи автоматското споделување на датотеки помеѓу двете услуги нема да биде активно по 10-ти јули, пренесува Digital.bg

Доколку избришете мултимедија од Google Drive, таа нема да биде отстранета од Google Photos, и обратно. Синхронизирањето на фотографиите и видеата ќе треба да се постави рачно, со користење на функцијата Upload from Drive. Не постои сличен начин ова да се напрaви и од од Google Drive кон Photos, вели Engadget. По запирање на автоматското споделување помеѓу услугите, треба да обрнете внимание на големината на датотеките.

Фотографиите што ги чувате со оригинална големина, истовремено ќе се зачуваат и на Drive и на Photos. Секоја датотека што ќе ја зачувате по 10-ти јули може да биде дуплирана и ќе треба рачно да ја избришете. Овие промени се направени со идејата за поедноставување на процесот и спречување на забуните кај корисниците, вели Google.