Новите смартфони на компанијата ќе ја продолжат традицијата и ќе бидат првите што ќе работат со Android Q. Уредите беа предмет на многу шпекулации во последниве недели, пренесува Digital.bg

Google Pixel 4 и Pixel 4 XL се очекува да бидат објавени пред крајот на третиот квартал, а скромниот интерес за моделите го натера Google да објави неколку официјални фотографии.

Сликите го откриваат фрејмлес дизајнот на уредите, и беше поставени онлајн преку твитер профилот “Made by Google”. Сензорите на камерата се наредени точно во горниот лев агол на задниот панел. Очекувањата се дека Google Pixel 4 и Pixel 4 XL ќе имаат тројни задни камери кои се дополнети со LED блиц, пренесува AndroidCommunity.

Google Pixel 4 најверојатно ќе стане првиот смартфон во светот кој ќе биде опремен со т.н. “спектрални сензори“. Овие компоненти ќе го подобрат снимањето на портретот во отсуство на доволно светлина. Сензорите од овој тип може да го измерат растојанието на предметите за секој поединечен пиксел. Другата предност е тоа што тие фаќаат информации кои не се достапни за RGB сензортеи, како што се Х-зраци, ултравиолетови и инфрацрвени зраци.