„Гумен асфалт“ – Спас од старите автомобилски гуми

Новото решение за да се намали отпадот и да се забрза развојот на економијата е асфалт произведен од рециклирани гуми. Т.н. „гумен“ асфалт е создаден од градежни материјали во комбинација со стари автомобилски гуми, а целиот проект го промовира производителот – Тармак. Компанијата верува дека наскоро ќе биде можно да се рециклираат и повторно да се користат 750 гуми за секој километар пат покриен со новата смеса.

Рециклирањето на гумите е предизвик за сите земји ширум светот. Меѓутоа, ако тие можат да станат тротоари, тоа ќе им даде нов живот на отпадните материјали.

Новиот материјал веќе е тестиран во Ковентри, Велика Британија. Тармак го снабдува градот со рециклирана “асфалтна” микс.

„Градскиот совет во Ковентри е воодушевен од новиот тест на асфалтот”, вели Роб Литл, инженер во одборот на градот.

„Се надеваме дека во иднина можеме да користиме и повеќе од овој производ, за да помогнеме во намалувањето на отпадот од гуми“, додаде тој.