Изјавата на американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин, според која ограничувањата што ги наметна администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон Huawei би можеле да бидат олеснети доколку има напредок во трговските преговори со Кина, сугерира дека тврдењата на Трамп за шпионирање од стран на кинескиот технолошки гигант можеби и не се целосно во право.

Вашингтон, според Мнучин, е подготвен да направи отстапки кога станува збор за условите поставени од страна на Белата куќа, доколку Кина “ги задоволи барањата на САД“. Тој исто така рече дека во тој случај, Трамп би сакал “да направат ребаланс во тој однос и да ги олесни ограничувањата за Huawei“.

Американската администрација го стави Huawei на т.н. “црна листа“, која ги вклучува оние кои се сметаат за безбедноса закана за САД, потсетува PhoneArena.