Кијанy Ривс ѕвезда на новата игра Cyberpunk 2077

Футуристичката видео игра Cyberpunk 2077 ќе биде пуштена во продажба 16 април 2020 година, а една од ѕвездите на новата игра ќе биде холивудскиот актер Кијану Ривс.

Cyberpunk 2077 е направен како продолжение на антологиската игра од 1988 – Cyberpunk 2020, а случувањата сега ќе се одвиваат 57 години подоцна отколку во оригиналната верзија.

Во видеото што го најавува овој проект, се појавува Ривс потврдувајќи го датумот на нејзиното излегување, а со овој потег креаторите на играта ја разбудија љубопитноста на гејмерите ширум светот.