Android Q ќе ја олесни промената на поставките за поврзување

Според најновите сознанија софтверот Android Q ќе има функција автоматски да става Wi-Fi мрежа на црната листа доколку корисникот рачно се исклучи од неа. Според наводите, телефонот нема да се обидува да се поврзе со таква мрежа во наредните 24 часа. Ова ќе спречи сценарио каде што поради некоја причина телефонот не може да се поврзе со одредена Wi-Fi мрежа, иако постојано се обидува.

Android Q, исто така, ќе има интерфејс за програмирање на апликации (API) со називот Settings Panels. Ова ќе им овозможи на корисниците да вршат дејства во рамки на апликациите, како што се вклучување / исклучување на опции како што се Wi-Fi, Mobile Data или авионски режим додека се во апликацијата.

Google неодамна го објави Android Q Beta 4, додека стабилна верзија од платформата се очекува во третиот квартал од оваа година (помеѓу јули и септември).