Камерата на Huawei P30 Pro значително подобрена со најновото Firmware ажурирање

Во моментов Huawei испорачува софтверско ажурирање за P30 Pro, коe се фокусира на подобрување на квалитетот на фотографиите креирани од камерата на овој телефон.

Firmware пакетот, голем околу 316MB, го подобрува квалитетот на фотографиите и прави боите да изгледаат по-автентични и природни. Huawei, исто така, направи промени во температурата на бојата, како и на HDR алгоритамот. Контрастот е исто така намален за да добиете пореален изглед.
huawei2_177.jpg
Ажурирањето (9.1.0.161) ги коригира проблемите со selfie видео клиповите и известувањата на заклучен екран при користење на динамична позадина.

Како и другите надградби, ова исто така доаѓа во сегменти и нема веднаш да биде достапно за сите корисници.