Зголемениот број на мобилни апликации нудат опција за користење на режимите Dark Mode, додека работат со нив. Оваа функција е погодна за читање информации кога е темно, но исто така го продолжува траењето на батеријата. Користењето претежно темни бои троши помалку батерија во паметните телефони и обезбедува повеќе време за работа со едно полнење. Android Q исто така ќе го поддржи темниот режим, пишува Digital.bg

Google е исто така доста активен во интегрирањето на функцијата во своите апликации. Ноќниот режим сега може да се користи и на Google Photos. Ова е и најзначајното подобрување во новата верзија на апликацијата за Android. Компанијата веќе шири ажурирања и се очекува во краток рок таа да е достапна за корисниците ширум целиот свет.

Компанијата планира да го ажурира максималниот број на апликации за Dark Mode во наредните месеци. На овој начин Google сакаа да се подготви навреме за официјалната премиeра на Android Q. Оперативниот систeм ќе ја поддржува функцијата на системско ниво и компанијата ќе продолжи да работи напорно за да овозможи максимална употреба на овој корисен режим во смартфоните со Android Q.