За разлика од американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, Кремљ и рускиот претседател Владимир Путин воопшто не се плашат од шпионажата од Кина.

Без разлика дали е ова точно или не – останува фактот дека рускиот телекомуникациски оператор МТС само што потпиша договор со кинеската компанија Huawei за изградба на првата 5G мрежа во Русија.

Договорот доби одобрување од Путин и рускиот државен врв, откако тој беше потпишан за време на официјалната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва.