Од советската академија до глобална слава: Тетрис го прослави 35-тиот роденден

Пред 35 години, програмерот во компјутерскиот центар на Советската академија на науките, Алексеј Пажитнов, на компјутер “Електроника 60” ја започна првата верзија на тетрис, и со тоа влезе во историјата на компјутерски игри.

Инспириран од детска сложувалка, Алексеј дизајнирал седум квадратни елементи кои во низа, односно еден позади друг, препуштени на виртуелната гравитација, паѓале со цел да се дојде до плафонот.

PC верзијата, за чија имплементација се заслужни Дмитриј Павловски и Вадим Герасимов, од истиот институт, наскоро стигнала Будимпешта, каде што се појавила на радарот на британската софтвер куќа Андромеда.

Првичните преговори за авторски права не успеале, но компанијата, и покрај тоа што немала дозвола од авторот, ги продала на американската компанија Spectrum Holobyte.

Помеѓу сопствениците на IBM персоналните компјутери низ Америка, играта наскоро станува многу популарна. Кога, во 1987 година, Андромеда конечно добила лиценца, Амига и Атари исто така ги добија своите верзии на играта. До 1989 година, неколку различни компании добија право да произведуваат и дистрибуираат игри на речиси сите платформи во тоа време.

Дотогаш, Владата на Советскиот сојуз исто така дошла до дел од профитот, и исто така делумно успеала и да обезбеди сопствен профит од играта.

Тетрис досега е продаден во повеќе од 170 милиони копии, надминат само од Minecraft (176). Нема сомнение дека оваа гира ќе продолжи да биде популарна, а сега таа е предложена и до Нинтендо.