Според пишувањето на американските медиуми, Apple на својата годишна конференција на програмери во понеделник, ќе се позанимава со поделба на понудата на три новоразвиени апликации: за музика, за ТВ и за подкасти.

Технолошкиот гигант од Купертино се уште не изнесе официјални информации во врска со овие информации.

Легендарниот покоен основач и директор на компанијата, Стив Џобс првенствено се фокусираше на музиката, пред да почне да се занимава со филмови и подкасти.

При претставувањето на iTunes, Џобс во 2003. година изјави дека Apple сака да им биде од помош на корисниците кои не сакаат да „крадат” музика од интернет, како и на компаниите кои имаат авторски права на неа.

iTunes врвот на популарноста ја доживеа кон крајот на 2000-те години, а за неговиот успех беше одговорен фактот дека тој сервис на корисниците им овозможил многу подобро организирање на музичката колекција и грижа за потеклото на фајловите.

Појавата на Spotify претставуваше удар за доминацијата на Apple во ова поле, но и технолопкиот напредок кога е во прашање стримингот.