Пристигнува новиот Call of Duty, познат датумот на излегување (ВИДЕО)

По неколку недели „протекување” информации, кампањата на социјалните мрежи и многуте најави, синоќа и официјално беше откриен Call of Duty 2019.

Како што беше познато, новото име на годинашната CoD го носи името Modern Warfare и претставува еден вид на „reboot” на можеби и најпопуларната подфраншиза на играта.

Оваа година голем акцент ќе биде ставен на приказната – играта ќе не стави во улога на „Tier One” единицата со која ќе проживееме „сага од која потскокнува срцето“, во една приказна која е „провокативна и сурова“ и фрла светло на модерните начини на војување.

Локациите на кои ќе се одвива дејствието се неколку европски градови и Блискиот исток, но „приказната не завршува тука“.

Засега јасно е дека Call of Duty со најновото продолжение на Modern Warfare, преку кампањата ќе се обиде да им го врати на гејмерите тоа што недостасуваше во изминатите години и поради што луѓето и најмногу ги сакаа видео игрите на CoD.

Извор: B92.net