Компанијата Pokemon соопшти дека наредната 2020 година ќе пушти во продажба нова видеоигра, што ќе се фокусира на времето кое играчот го минува спиејќи, за разлика од претходниот хит Pokemon Go, која ги наградуваше луѓето за физичката активност.

Новата игра Pokemon Sleep има за цел да го претвори спиењето во забава… Ќе бележи кога играчите одат в кревет и кога се будат. Повеќе подробности не се откриваат.

– Со Pokemon Go, пренесовме порака дека основното движење на луѓето – одењето може да стане забава… Истото сакаме да го постигнеме и со „Покемон слип“  Играчите ќе уживаат во добриот сон заедно со Pokemon, а и будењето ќе им биде задоволство, рече претседателот на Pokemon, Цунеказу Ишихара.

Исто така, Nintendo најави продажба на нова верзија на уредот Pokemon Go Plus, што играчите ќе можат да го спојат со својот паметни телефони, така што да не мораат цело време и да гледаат во екранот.