Работите се влошуваат од ден во ден за кинескиот IT гигант. Сите американски компании ги прекинуваат врските со вториот најголем светски производител на паметни телефони. Huawei. Google, Qualcomm, Intel, Broadcom и ARM заедно со SD Association веќе ги прекинаа врските со Huawei. Најновите меѓу нив се JEDEC, како и Wi-Fi Alliance, кои исто така ги раскинаа врските со Huawei. Овие компании ги дефинираат стандардите врзани за Wi-Fi мрежите, односно стандардите врзани за индустријата на полупроводници, односно компонентите за RAM.

Уште една американска компанија, Wi-Fi Alliance, која се наоѓа во Остин, Тексас, привремено го суспендираше Huawei. За да биде членка на оваа асоцијација, секоја компанија треба да биде „имплементатор” и „соработник”. Ако било која компанија е имплементатор, тогаш може да ги имплементира немодификуваните Wi-Fi чипови, кои веќе претходно се сертификувани од асоцијацијата. Понатаму, сите такви компании кои се дел од здружението како имплементатори можат да користат сертфикати на производите и можат да им пристапат на конечните документи на секоја спецификација.

Од друга страна, како соработник, компанијата може да пристапи само на развојот и тестирањето на секој стандард. Кинескиот гигант Huawei не беше само имплементатор и соработник, туку и го спонзорираше здружението во ексклузивната група од 14 компании. Wi-Fi Alliance најави дека статусот на Huawei е „привремено ограничен”, се додека целата ситуација не се смири. Со оглед дека соработката се прекинува само привремено, а не за постојано, на тој начин Huawei нема да го загуби правото на употреба на Wi-Fi технологијата, ниту другите технологии како што е USB, само повеќе нема да смее да учествува во донесување на одлуки за новите стандарди.

Уште повеќе, врските со JEDEC, кој е одговорен за стандардизација на RAM компоненти, исто така, се прекинати. Меѓутоа, Huawei од организацијата JEDEC излезе своеволно, така што има намера да се врати, откако рестрикциите кои ги воведе САД ќе бидат укинати.