Apple подготвува 16-инчен MacBook Pro со edge-to-edge OLED екран

Најновиот извештај дека Apple во подготовка има нов MacBook Pro лаптоп, кој ќе користи OLED дисплеј. Извештајот споменува дека овој лаптоп ќе користи 16-инчен all-screen дисплеј.

Претходно оваа година, аналитичарот Минг-Чи Куо тврдеше дека оваа година во подготовка би можел да биде 16-инчен MacBook Pro, но тогаш немаше напомени за имплементација на OLED екран, така што сега имаме свежи информации.

Иако новиот извештај не споменуба специфично edge-to-edge дисплеј, се истакнува дека лаптопот би можел да има иста големина како и 15,6-инчниот модел, што значи дека се очекува дека екранот ќе покрива поголема површина и ќе има помали рамки.

 

MacBook моделите веќе користат OLED, но само за Touch Bar секторот од лаптопот. Доколку се обистинат најновите извештаи, ова би можел да биде првиот OLED лаптоп на Apple.

Исто така, претходните извештаи споменуваа дека Samsung ќе биде единствен снабдувач на споменатите дисплеи, што не претстасвува изненадување, бидејќи јужнокорејската компанија е еден од најголемите производители на OLED панели во овој момент.