Овој потег има за цел тротоарите да ги направи посигурни за пешаците, но исто така и да ја популаризира употребата на иновативни возила со мотори.

Високиот дом на германскиот Бундестаг ја потврди иницијативата на министерот за сообраќај, Андреас Шеуер, која го регулира сообраќајот на електричните тротинети и ги преместува од тротоарите на улица. Така, Германија е една од последните европски земји која овозможи на електричните скутери и тротинети да се симнат од тротоарите и да станат полноправни учесници во сообраќајот. Ограничувањето на брзината е 20 km/h, а возачот мора да биде постар од 14 години. Освен по улиците, електричните тротинети, скутери и некои концептни хибриди, исто така, ќе можат да возат и по велосипедски патеки.

Мнозинството ја одобрило одлуката, а единствени кои изразиле загриженост биле луѓето собрани околу главната велосипедска асоцијација. Имено, нив ги мачи инфраструктура, па коментираат: „Сега ни треба двапати повеќе простор за велосипедизам“.

Најсреќни се производителите на е-скутери, па така заедно со домашните стартап компании, како што се Tier и шведскиот Voi, на сцената влегуваат и американски играчи како Bird и Lime. Исто така, во игра сега се вклучува и Volkswagen кој најавува свои возила, исто како и Seat.