Познатиот веб-прелистувач Tor веќе е достапен за Android во својата финална верзија. Производот кој ви овозможува целосно да ги скриете трагите од вашата интернет активност, досега беше достапен како алфа верзија која имаше многу грешки. Со актуелното издание, кое е достапно во Google Play, веќе можете да сурфате целосно анонимно преку мрежата на Tor. Самиот прелистувач е базиран на кодот на Firefox и соодветно ги нуди повеќето додатоци на кои се навикнати корисниците.

Апликацијата не се поврзува директно со веб-страниците, туку користи мрежа на шифрирани сервери кои го препраќаат барањето преку локации за да не може да се следат. На овој начин Tor го крие од сајтовите и снабдувачите вашиот идентитет и згора на тоа овозможува пристап до блокирани сајтови во дадена земја-сајтови.

Во моментов нема верзија за iOS, бидејќи Apple блокира одредени процеси кои се неопходни за неговата работа и, згора на тоа, компанијата од Купертино ги обврзува програмерите на браузери да го користат нејзиниот „енџин“.