Minecraft Earth е нова мобилна игра со проширена реалност (ВИДЕО)

Microsoft ги откри деталите за новата мобилна игра во светот на Minecraft која ќе се заснова на проширена реалност, со цел да им овозможи на гејмерите да се забавуваат во светот околу нив. Нејзиното име е Minecraft Earth, а првата бета верзија ќе се појави за iOS и Android во текот на летото.

Играта им овозможува на повеќе корисници да изградат виртуелни структури на блокови Minecraft и да ги постават трајно во реалниот свет. Играчите (сами или со пријатели), исто така, ќе можат да се вклучат во авантурите со интеракција со различни ликови или непријатели.

Minecraft Earth, исто така, вклучува ресурси што играчите треба да ги соберат за да ги користат за своите креации – тоа се случува преку т.н.Tappables, расфрлани на мапата.

Исто како Pokemon Go и апликацијата на Microsoft користи податоци од OpenStreetMap и го гради светот на играта во реалниот свет.

Креирањето на структури се одвива со поставување плочки врз основа, која може да се постави на која било рамна површина. Потоа креациите можат да бидат поставени во реалниот свет, така што секој може да ги види.