Сакал да се вработи во Google: Го одбиле, а од идејата направил работа од соништата

Дизајнерот Ендру Бортон сонувал да се вработи во компанијата Google. Пред 18 месеци конечно го повикале на разговор.

Процесот на селекција опфаќал неколку разговори и решавање на задачи. Имено, требало да осмисли нов производ кој би го направил за Google. Поминал разговорот, а потоа на менаџерите им ја претставил својата идеја.

Тој смислил апликација за фитнес, која на оние кои вежбаат им овозможува сами да бидат свои тренери, така што ќе го снимаат секој момент од вежбањето, а потоа ќе можат сето она што го снимиле да го споделат со другите.

Поминал 30 часа обидувајќи се да направи апликација која е премногу добра со што ќе им се допадне на надлежните во Google. Деноноќно работел на својот проект.

Кога на крајот сè завршил и го предал планот – од Google му јавиле дека е избран друг кандидат. Тие му препорачале следната година повторно да се пријави на конкурсот.

На почетокот се чувствувал многу лошо поради тоа, а потоа дошол на нова идеја: да направи свој стартап и на тој начин да ја пласира својата апликација на пазарот.

Се здружил со двајца пријатели и започнале бизнис. Почетокот бил премногу добар.

Апликацијата сè уште не проработела, а веќе собрала 5.000 претплатници кои вежбаат, пет теретани и студија и многу деловни клиенти.

На тој начин, Бортон своето интервју за работа го претворил во прекрасна бизнис идеја.

Неговата апликација официјално е издадена оваа недела.

Извор: B92.net