Компанијата демонстрираше зголемена брзина на вчитување и глатко играње и ја спореди со моментната верзија на PlayStation.

Sony само што објави дека новата генерација на својата PlayStation конзола (која иако неофицијално, веројатно ќе го носи името PlayStation 5) ќе има имерсивен гејмплеј и беспрекорно онлајн искуство на PlayStation Now, благодарение на драматично подобрените графички перформанси и обновениот систем за cloud. Во текот на неодамнешната презентација на корпоративната стратегија, јапонската компанија ја демонстрираше брзината на уредот и ја спореди со PlayStation 4. Резултат? Дури десет пати поголема брзина од моментната конзола.

Sony, исто така, објави партнерство со Microsoft за да ја подобри инфраструктурата на услугата PlayStation Now. Имено, минатиот месец, компанијата откри дека новиот PlayStation ќе има трета генерација на осмојадрениот AMD Ryzen CPU со вграден 7-нанометарска Zen 2 архитектура. Процесорот ќе биде спарен со новата Radeon Navi GPU структура, која поддржува ray-tracing.

Иако напредокот на кој ќе му сведочиме e донекаде и очекуван (со оглед на тоа дека поминале повеќе од пет години од минатиот PlayStation), ако го прашате Sony, тоа не е поентата на приказната. Компанијата планира да им покаже на сите дека новите технологии ќе ги направат игрите позабавни, со намалување на времето потребно за вчитување, намалување на баговите при играње онлајн и конечно – проблемите со cloud.

Се што ни преостанува е да ја причекаме објавата на цената.