Батериите би можеле да траат подолго и да даваат повеќе енергија, а при тоа да не мораат да бидат поголеми и поробусни од денес.

Научници од Јапонија развија нов материјал кој би можел да го продолжи животниот век на батериите и нивниот капацитет. Тоа би можело да значи пресвртница не само за индустријата за преносни уреди како што се паметните телефони и лаптопите, туку и за електричните автомобили, камионите, па дури и бродовите.

Типичната батерија во себе содржи слоеви на метални материјали. Како што поминува низ циклусите на полнење и празнење, така во тие слоеви се појавуваат пукнатини кои го намалуваат капацитетот на батериите.

Сепак, научниците од Универзитетот во Токио покажаа дека ако во батеријата се користи кислороден редокс-слоевит оксид, нема да дојде до распаѓање на металот. Напротив, дури и слоевите од металот ќе се обновуваат.

За индустриите кои користат батерии тоа би можело да има далекусежни последици. Не само што батериите би можеле да имаат подолг животен век, туку нивниот капацитет би се зголемил двојно. Во превод, тоа значи дека батериите би траеле подолго и би давале повеќе енергија, а притоа не би морало да бидат гломазни и големи како денес.

Но, сепак ќе мора да причекаме додека ги добиеме овие батерии во секојдневниот живот, барем додека научниците од Јапонија не најдат начин тоа што го докажале во лаборатрија да го применат во производството на батерии.

Извор: Zimo.hr / Nature