Ова е најпродавана компјутерска игра на сите времиња

Исклучително популарната игра Minecraft, која се фокусира на градба и истражување во практично неограничен генериран свет веќе неколку години важи за културолошки феномен. 

Тоа е првенствено остварено поради отворен мод на играње и одлична поддршка која Microsoft ја пружа за оваа игра. Верзиite на Minecraft постојат за различните платформи и уреди, како што се PC, Xbox One, Nintendo Switch… и сите оние кои им дозволуваат на корисниците да играат заедно.

Неодамна оваа игра наполни 10 години и во таа прилика Microsoft објави дека во текот на тој период продаде повеќе од 176 милиони лиценци, што ја прави најпродавана игра на сите времиња.

Досега првото место го држеше Tetris, но овие две игри не можат директно да се споредат, бидејќи Tetris е објавен во неброени многу варијанти. Основната варијанта на Tetris е продадена во 70 милиони примероци.

На тоа EA објави дека мобилната верзија е продадена во дополнителни 100 милиони примероци, при шо од 2010. година се премина од директна продажба на играта на бесплатен download и плаќање за микротрансакции во рамки на играта. Воглавно, ако овие вредности се соберат, испаѓа дека Tetris досега е продаден во 170 милиони примероци, што е за шест милиони помалку од Minecraft.

Можеби е подобра споредбата со Grand Theft Auto V, која досега е продадена во 110 милиони примероци. Како и да се земе, Minecraft е на првото место по продажба на сите времиња, што мора да се признае дека е извонреден успех.