Животните кои живеат во најдлабоките делови на океаните во себе носат радиоактивен јаглерод, преостанат од нуклеарните тестови спроведени во текот на Студената војна.

Научниците неодамна пронашле зголемено ниво на радиоактивен јаглерод во амфиподите, животни како шкампите, кои живеат и до 11 километри под површината на водата.

Во тие темни длабочини, каде притисокот е висок, амфиподите бараат органски материјали кои потонуваат од површината. Остатоците од животните кои биле изложени на радиоактивност во Студената војна, сега се полни со јаглерод, односно изотоп 14, познат и како “бомба јаглерод”.

Научниците во новата истражувања напишале дека ова е прв доказ за зголеменото ниво на радиоактивен јаглерод на дното на океанот.

Кога глобалните гиганти ги детонирале своите бомби во 50-тите и 60-тите години, експлозиите пратиле неутрони во атмосферата.

Таму, неутралните честички реагирале со натриум и јаглерод и создале јаглероден изотоп 14, кој потоа се вратил во океанот, а после тоа го апсорбирал морскиот свет.

Дел од изотопот 14 по природен пат се појавува во атмосферата, но во текот на 60-тите години атмосферскиот радиоактивен јаглерод бил на ниво речиси два пати повисоко од тоа на кое бил присутен пред нуклеарните тестирања.

Тие нивоа не почнале да паѓаат додека тестирањата не биле прекинати.

Кратко по првите нуклеарни експлозии, зголемени количини на изотоп 14 се појавувале во телата на животните во океанот во близина на површината.

За новото истражување, научниците отишле подлабоко, истражувајќи амфиподи собрани на три локации во западниот Пацифик.

Извор: B92.net