Google најави еден куп нови видови на реклами, кои ќе почнат да се појавуваат насекаде.

Пребарувањето на Google на мобилни уреди наскоро ќе добие посебна „галерија“ со реклами, која ќе им овозможи на огласувачите да му прикажат на корисникот неколку фотографии кои може да ги погледне. Исто така, ќе има и реклами кои ќе се вметнуваат во делот наречен discover feed, кој може да се најде на самиот екран на многу „Андроид“ телефони, во апликацијата Google и на мобилната страница.

Која е добрата страна на приказната? Огласите (барем засега) се ограничени на неколку избрани локации.

Најновите формати за реклами се направени така што ги прават истите многу повидливи. Во неодамна објава на блог, Прабхакар Рагаван, шеф за рекламите во „Гугл“, објасни дека галериите на огласи ја зголемиле интеракцијата за дури 25 отсто за разлика од традиционалните реклами.

Исто така, новите „галерии“ ќе бидат воведени само на мобилните, но не и на десктоп верзијата.