Бета верзијата на новиот оперативен систем Android 10 содржи информации за нова апликација Safety Hub, која најверојатно ќе им биде достапна првично само на сопствениците на Pixel смартфоните, нудени од Google.

Никакви детали за можностите на апликацијата се уште не се познати, освен што една од неговите функции ќе помогне во автоматизирањето на откривањето на сообраќајни незгоди.

Паметниот телефон во автомобилот кој доживеал сообраќајка ќе може да утврди што точно се случило. Не е јасно на кои информации ќе се базира работата на Safety Hub, но веројатно е дека апликацијата ќе собира податоци од акцелерометарот и микрофонот.

Сè уште не е познато какви акции ќе презема апликацијата кога ќе востанови несреќа. Се претпоставува дека апликацијата автоматски ќе повика итна помош.