Компанијата OnePlus ги претстави своите најнови премиум телефони – OnePlus 7 i OnePlus 7 Pro. Со OnePlus 7 Pro моделот, компанијата ќе се обиде да и парира на конкуренцијата на полето на хардверот и специфичните хардверски карактеристики. OnePlus 7 е телефон наменет за оние кои сакаат добар однос меѓу цената и квалитетот.

OnePlus 7 е спој на минатогодишниот OnePlus 6T и помоќниот 7 Pro модел. Го задржува 6.41-инчниот Optic AMOLED дисплеј со 1080p+ резолуција и засек во облик на капка. Од друга страна, тука е побрзиот сензор за отпечатоци од прсти , каков што поседува и Pro моделот.

Телефонот го покрекува Snapdragon 855 чипсет; просторот за складирање е заснован на UFS 3.0 стандардот за подобрени перформанси и достапен е во капацитети од 128 и 256 GB. RAM меморијата е достапна во верзии од 6GB и 8GB.

Покрај стандардниот OnePlus 7 модел, популарниот кинески производител го претстави и попремиум OnePlus 7 Pro моделот. Телефонот пристигнува со подобрувања на екранот, камерата и звукот во споредба со претходната генерација.

Екранот на телефонот, кој OnePlus го нарекува Fluid AMOLED, има нов 6,67-инчен панел со QHD+ резолуција и освежување од 90 Hz. Покрај значително подобрите анимации во корисничкиот интерфејс, екранот може да рендерире HDR10+ бои со висок квалитет.

Екранот не мора да се дели со селфи камерата (не постои ни засек ни punch-hole отвор), бидејќи предната камера од 16MP е сместена во pop-up механизам. Самиот механизам е тестиран на преку 300.000 циклуси употреба. Присутен е и акцелерометар кој детектира кога телефонот ќе се испушти, по што pop-up механизмот во дел од секундата се повлекува за да се заштити камерата.

На задната страна на телефонот се наоѓа систем од три камери и OnePlus 7 Pro е прв модел на компанијата, кој стигнува со оваа карактеристики. Главната камера од 48MP користи 1/2″ Sony IMX586 сензор (0.8µm piksela), пристигнува со f/1.6 отвор на блендата, OIS и EIS поддршка.

OnePlus 7 Pro го покренува Snapdragon 855 чипсет, кој е опремен со десетослојно ладење преку парната комора. Можно е да се избере до 12GB RAM и до 256GB простор за складирање (основниот систем е 6GB/128GB). Просторот за складирање е UFS 3.0 со подобрени перформанси.