Samsung Galaxy Note10 екранот ќе го има истиот 19:9 однос на страници каков што имаат и моделите од Galaxy S10 серијата (Galaxy Note9 има 18.5:9 ekran). Ова најверојатно е последица од преминот на punch-hole отворот за селфи камерата.

Новиот премиум телефон ќе биде достапен во две варијанти – стандардна Galaxy Note10 и Note10 Pro варијанта, а двата модела ќе бидат достапни во 4G и 5G верзии. Еден од овие модели, веројатно Verizon Note10 Pro 5G (со број на модел SM-N976V), се појави во HTML5test базата на податоци.

Врз основа на гласините, стандардниот Note10 ќе има 6,28-инчен екран, додека Pro варијантата ќе има 6,75-инчен дисплеј. Доколку екранот биде од 1440p+ класата, може да се очекува резолуција 3040 x 1440p (HTML5 тестот ја забележа виртуелната резолуција на мобилниот веб-прелистувач).

Од оваа резолуција може да се пресмета и густината на пиксели на двата екрана, која би требало да изнесува 536ppi за стандардниот и 498ppi за Galaxy Note10 Pro. Бенчмарк тестот исто така открива дека смартфонот ќе користи Androdi 9 Pie софтвер.