Најновата игра во Куќата на славните се наоѓа на речиси секој компјутер (ВИДЕО)

Речиси и да не постои човек кој барем еднаш во животот не заиграл Microsoft Solitaire, игра со карти која се наоѓа во рамките на Windows од 1990 година.

Таа служеше за “убивање” на здодевноста, а некои навистина станаа многу добри во неа. Затоа не нè изненадува фактот што токму Microsoft Solitaire стана дел од светската Куќа на славните видео игри.

Според податоците од Microsoft, во минатите речиси 30 години, Solitaire е дистрибуирана на повеќе од милијарда компјутери ширум светот, локализирана на 65 години, а се играла дури и на Антарктикот.

Звучи речиси неверојатно дека една од најиграните видео игри на светот била првично осмислена за корисниците да научат да го користат маусот. Solitaire се темели на класичната игра со карти, а нејзината популарност покажува дека и аналогните игри можат да бидат популарни и во дигиталниот свет.

Дигиталната верзија ја изработил Вес Чери, програмер кој во тоа време стажирал во Microsoft. Како што и самиот изјавил во една прилика, тој ја напишал играта од чиста здодевност бидејќи во тоа доба немало многу видео игри.

Иако тој, непланирано, ја направил една од најиграните игри, Чери за својата работа не добил никаква парична награда, но неговата игра е зачетник на т.н. “лежерно играње” во кое и денес уживаат милиони играчи ширум светот.

Извор: Zimo.hr