Првоаприлската шега станува реалност: Гејмерите добиваат свој тостер (ВИДЕО)

Дури и доколку не сте љубител на видео игрите, веројатно сте слушнале за Razer – компанијата со препознатливото лого со зелена боја која произведува гејмерски хардвер и има голем број на обожаватели ширум светот.

Пред шест години, извршниот директор на Razer, Мин Лианг Тан се договорил со еден фан на компанијата кој основал Фејсбук страница во која барал од Razer производство на тостер, ако страницата достигне милион лајкови.

We did it.

After 5 years, 44'000 likes and 12 tattoos. We made it. This is our declaration and our celebration.

Posted by Give us the Razer Toaster on Понеделник, 29 април 2019

Бројот на лајкови на страницата со текот на времето растел, а приказната за тостерот станала вирална откако од Razer во 2016 година објавија дека навистина го отпочнуваат проектот Breadwinner, производство на тостер со логото на компанијата и зелено осветлување под самиот уред, но ваквиот проект го најавија на први април, така што сите сфатија дека станува збор за шега, но не се откажаа од своите намери.

Тетоважи од тостер

Не само што луѓето биле упорни, туку и дел од нив (верувале или не) истетовирале слики од тостерот на Razer и тие фотографии ги објавувале на страницата на Фејсбук. Страницата никогаш не собра милион лајкови – не достигна ни бројка од 45 илјади, но Тан вели дека една тетоважа вреди како 100 илјади лајкови, а со оглед дека дури 12 луѓе направиле ваква тетоважа, математиката е јасна.

Со тоа, извршниот директор по пат на Фејсбук објавил дека навистина отпочнуваат со развој на ваквиот тостер.

Се чини дека Тан има други приоритети за својата гејмерска компанија бидејќи изјавил дека, откако ќе создаде тим од дизајнери и инженери, ќе му бидат потребни “неколку години” за да го произведе тостерот, но секако станува збор за интересен маркетинг потег на Razer. По најавата е отворена нова група на Фејсбук во која се бара и производство на фрижидер, брич и други производи со логото на Razer, но Мин Лианг Тан вели дека тоа никогаш нема да се случи.

Извор: Zimo.hr