Околу 20 милиони гејмери ќе преминат од PC на конзоли

Многумина аналитичари прогнозираат крај на конзолите за видео игри. Тие очекуваат следната генерација конзоли да е и последната. Но има и други мислења за судбината на оваа класа рекреативни уреди.

Според истражувачката компанија „Jon Peddie Research“, во наредните години конзолни ќе ги задржат своите силни позиции. Нешто повеќе, експертите тврдат дека до 2022 година околу 20 милиони гејмери ​​ќе мигрираат од персоналните компјутери кон гејмерските конзоли.

Постојат неколку фактори за преминот од РС кон конзоли. Такви се стагнацијата на РС пазарот, развојот на паметните телевизори, гејмерските стриминг услуги и фактот дека многу игри се ексклузивни – само за конзоли.

Кон конзоли ќе минуваат главно гејмери ​​кои владеат со компјутерите на основно ниво. Фактор во овој случај е и цената, бидејќи прагот за влез во светот на гејминг конзолите е понизок. Од друга страна, сепак, цените на игрите за конзоли се повисоки.

Дали конзолите ќе преживеат ќе стане јасно во наредните неколку години. Главни играчи во индустријата се Sony, Microsoft и Nintendo. Силно влијание врз гејмерскиот пазар имаат и смартфоните, кои ја поткопуваат многу сериозно позицијата како на десктоп компјутерите така и на конзолите.