Pavilion серијата на HP доби нов дизајн и модерни бои

HP ја претстави својата најнова линија преносни компјутери HP Pavilion x360, која воведува некои од врвните функции на HP на широкиот пазар. Пд металното куќиште на тастатурата и префинетите бои до одличните перформански и графика, новите HP Pavilion x360 14 и HP Pavilion x360 15 пружаат прилагодливост и стил по исклучително поволни цени.

Новата генерација компјутери Pavilion доаѓа во нови бои: светло сина, златна и сребрена. Уредотѕ од 14 инчи го краси нов детал со интересен примерок, кој му дава впечаток на елеганција, а двата уреда имаат ултратенки рамки од трите страни. Сите лаптопи се опремени со аудиосистем Bang & Olufsen со технологијата HP Audio Boost, која пружа интерактивно доживување, а единствениот закривен дизајн овозможува поедноставно отворање на компјутерот од сите три страни.

Дополнителната опција на читач на отпечатоци од прсти кој сега се наоша на куќиштето од тастатурата овозможува брз пристап со помош на функцијата Windows Hello. Новите компјутери Pavilion x360 имаат површина која реагира на пенкалце и допир за едноставно цртање или уредување на документи.

HP Pavilion x360 14 нуди одлични перформанси, со графичките процесори Nvidia GeForce MX130 или MX250, Intel Core i7 процесори од 8. генерација. Со две опции на простор за складирање, 16 GB меморија и батерија која овозможува до 11 часа работа, уредот ќе биде достапен на почетокот на мај, по малопродажна цена од околу 470 евра.

HP Pavilion x360 15 е осмислен за работа и забава, а нуди одличен избор на HD или UHD екрани, посебна нумеричка тастатура и процесори Intel Core i7 од 8. генерација со одвоена графичка картичка Radeon 535. Лаптопот ќе биде достапен на почетокот на мај по малопродажна цена од околу 500 евра.