Huawei Mate 20 X 5G прикажан од неколку агли (ВИДЕО)

Во текот на претходните неколку дена се појавија информации за Huawei Mate 20 X 5G. Најпрвин имавме фотографија на малопродажното пакување на овој 5G смартфон, а сега се појави и hands-on видео, кое на YouTube го постави Zing Gadget.

Видеото од неколку агли ни дава увид во Mate 20 X, кој на задната страна има 5G лого. Спецификациите споменуваат све специфични разлики, кои се споменати и претходно оваа недела: 4200mAh батерија и 40W Super Charge поддршка.

Mate X и Mate 20 X 5G ќе користи Huawei Balong 5000 модем, кој е веќе компатибилен со HiSilicon Kirin 980 чипсет и ќе бара поголем физички простор во рамките на Mate 20 X моделот. Ова е веројатно и причината поради што батеријата е намалена на 4200mAh, наместо стандардните 5000mAh на 4G верзијата на телефонот.

Остатокот на спецификациите на Mate 20 X 5G вклучуваат 7.2-инчен дисплеј, 8GB RAM, како и три камери на задната страна. Huawei не ја спомена достапноста на Mate 20 X 5G моделот, но флексибилниот Mate X се очекува во текот на втората половина оваа година.