VLC апликацијата повторно достапна за корисниците на уредите на Huawei

Минатото лето, програмерите на популарната VLC апликација преземаа драстични мерки кон компанијата Huawei. Во твит, тимот на VideoLAN истакна дека агресивната политика на Huawei со управувањето на процесите во позадина создава проблеми, така што тимот одлучи да го блокира VLC од PlayStore. Сега оваа забрана повеќе не е на сила.

Според наводите на програмерите, Huawei телефоните имаа навика да го гасат VLC кога не е во фокус, правејќи ја невозможна репродукцијата на содржините во позадина. Иако Huawei навистина има опција за агресивно гасење на апликациите во подесувањата, компанијата одамна престана тоа да го прави системски.

Сега од VLC корисниците пристигнаа информации дека апликацијата се вратила на уредите на Huawei. Во меѓувреме се огласи и тимот на VideoLAN, кој истакна дека оваа измена се случиле уште пред неколку месеци, но дека не се чувствувала потреба ова да се објави официјално.

Последното ажурирање беше во август 2018. година, кога VideoLAN истакна дека работи со компанијата Huawei на имплементација на исправката. Во некој момент, Huawei го надгради својот firmware, а VLC престана со блокирање. Конкретни датуми не се објавени.