Microsoft потврди дека хакери пристапиле до приватни Outlook мејлови

Microsoft призна дека претходната повреда на безбедноста на Outlook била полоша отколку што компанијата првобитно соопшти и дека хакерите успеале да пристапат во приватните мејлови на корисниците.

Имено, американскиот производител на софтвер почна да ги известува корисниците дека хакерите успевале да им пристапат на нивните сметки со месеци наназад.

Известувањето на Microsoft откри дека хакерите можеле да ги видат имињата на фолдерите во мејловите и насловите на мејловите, но во накнадно известување наведено е дека хакерите можеле да ја прочитаат и содржината на мејловите.

Портпаролот на Microsoft истакна дека хакерите имале пристап до мејловите во период од 1. јануари до 28. март, 2019. година. Од друга страна, од компанијата Motherboard тврдат дека хакерите имале пристап до некои сметки и до шест месеци, што го искористија за поништување на iCloud сметките поврзани со украдените iPhone уреди.

Од Microsoft не посочија колку сметки биле погодени со овој хакерски напад, но напоменуваат дека се работи за мала група корисници кои се известени кои понатамошни чекори мораат да ги преземат.