Forza Street е нова бесплатна игра за PC, а пристигнува и на Android и iOS (ВИДЕО)

Компанијата Microsoft ја претстави играта Forza Street која всушност е конечниот резултат од развојот на играта наречена Miami Street.

Новата игра е достапна за корисниците на оперативниот систем Windows 10, додека на уредите Android и iOS ќе пристигне нешто подоцна оваа година.

За разлика од игрите Forza Horizon и Forza Motorsport, играта Forza Street ги води играчите во светот на уличните трки во Мајами, а достапни им се голем број на автомобили.

Целта на играта е да се победува и поседуваат легендарните и класичните авотмобили. Девелоперите на компанијата Turn 10 Studios, која е во сопственост на Microsoft имплементирале нови контроли за играта Forza Street, кои се фокусираат на тајмингот со цел за подобро управување. Тоа е посебно корисно за оние кои ја играат играта на мобилен телефон.